За нас

Од 2015 година Пријателите на Шара како најактивна мрежа на здруженија што се залага за прогласување на Шар Планина за национален парк беше вклучена во најмалку пет заеднички проекти чиишто активности беа наменети за локални чинители и поширока јавност. Во прилог дел од најважните активности на платформата изминативе шест години:
– Јавна промоција на платформата, концерт во центарот на Тетово (септември 2015)
– Истражување за свесноста на населението во врска со прогласувањето на Шар Планина за НП и јавна промоција на резултатите (март, 2016). Ова беше прво вакво истражување на репрезентативен примерок во регионот. 83% од испитаниците изјавиле дека се за национален парк.
– Завршна конференција на проектот во рамки на кој е формирана платформата со учество на национални и чинители од регионот вклучени во иницијативата Шар Планина да се прогласи за НП (мај, 2017)
– Прес-конференција против изградба на патишта на Шар Планина. (Јуни, 2017)
– Поддршка во снимање на документарен филм на агенцијата „ВИДИ ВАКА“ за Шар Планина ( Јуни, 2017)
– Анализа на платформата и извештај за процесот на формирање на платформата (ноември 2017-мај 2018)
– Први проекти целосно подготвени и спроведени од платформата Пријатели на Шара (март-мај 2018): „Креирање на советодавно тело за прекуграничниот регион Шара/Кораб-Коритник“ процес поддржан од ГИЗ како и „Шара-нашиот природен дом“, проект поддржан од ИПА 2 CSO механизмот.
– Учество во процес на изработка на Визија на локалното население за регионот на Шар Планина во сите шест општини со различни чинители од регионот наречена „Визија за Шара 2038 година“
– Платформата во 2019 година доби своја членка од Гостивар.
– Организација на донаторска конференција во јуни 2019 година со учество на донатори од земјава и Германија
– Во 2019 година Пријателите на Шара го изработија своето прво видео по повод петгодишнината од своето формирање.
– Во село Вејце се организираше прекуграничен саем „Денот на Шар Планина“ со цел да се промовираат природните и културните вредности на регионот
– Во 2020 година дел од членките на платформата Пријатели на Шара беа повикани да организираат и учествуваат во јавна кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк во соработка со МЖСПП и УНЕП. Во рамки на кампањата беа спроведени над 10 активности наменети за локално население, беа изработени видеа за природните вредности на Шар Планина и многу други промотивни материјали
– Во периодот меѓу 2015- 2021 Пријателите на Шара останаа посветени и на мисијата да ги негуваат традиционалните вредности како што се локалните сорти и традиции па така бевме организатори и учесници на различни настани како што се „Ден на гравот“, „Денови на медот“ а во нашите проекти вклучуваме и локално население коешто ги негува традиционалните практики во рамки на обуки, студиски посети, едукации, размена на искуство во регионот на Шара/Кораб-Коритник и Германија.
– Во 2021 година организираме повторно истражување на локалното мислење во врска со процесот на прогласување на Шар Планина за национален парк овој пат во сите планински села што се предвидени да бидат дел од границите на идниот национален парк.