“Пријателите на Шара” на тетовско гравче
Во рамките на настанот “Ден на Гравот” којшто традиционално, по шести пат, се организираше на 17 октомври 2015 година во Теарце учествуваше и платформата “Пријателите на Шара”. На овој настан беа промовирани локални производи, а програмата беше збогатена и со настап на фолклорни друштва. Покрај традиционалното тетовско гравче се презентираше подготовка на други локални специјалитети. Оваа средба секоја година ја организира “Центарот за едукација и развој” од Теарце.