Нашите активности одсега  ќе можете да ги следите и на нашата нова веб страна

Нова веб страна friendsofshara.mk на македонски, албански и англиски.

На веб страната работевме изминативе месеци со поддршка на проектот  „Диверзификација на економските активности во руралните области на Југоисточна Европа преку развој на синџирот на

вредности“ имлементиран од Центарот за едукација и развој-ЦЕД како дел од Платформата Пријатели на Шара со поддршка на ГИЗ и SWG.

Пандемијата со Ковид-19 не натера да размислуваме како да ги споделуваме информациите со сите засегнати страни и на подобар начин.

Функционална веб страна е само еден мал чекор од работа за вклучување на сите засегнати страни во процесот на прогласување на Шар Планина за национален парк и исполнување на мисијата на Пријатели на Шара да ја видиме Шар Планина заштитена. Покрај ова нашата поддршка за развој на руралниот туризам и вклучување на локалното население во руралниот развој останува во фокус на нашите активности и идни проекти.