Членови на платформата

Членки основачки на Пријателите на Шара:

Центар за едукација и развој

Центарот за едукација и развој (ЦЕД) е невладина организација која функционира во регионот на Општина Теарце од Декември 2006 година. Организацијата како Целна Група ги има младите од 12 до 28 годишна возраст,додека за постигнување на целите на своите активности секогаш се вклучени младите,наставниците, родителите, водечките институции и други водечки организации.

 

Планинарски клуб – Љуботен

Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово е доброволно, масовно, вонпартиско здружение на граѓани, посебно на младината и подмладокот, кое делува во правец на реализирање на определени цели и задачи од областа на планинарските спортови, спортската рекреација, екологијата, воспитувањето и планинскиот туризам.

 

Македонско еколошко друштво

Македонското еколошко друштво (МЕД) е формирано во 1972 година. Промовирањето на екологијата како наука и нејзиното вклучување во целокупното образование, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата и промовирање на принципот на одржливиот развој, се практиките за кои МЕД континуирано се залага и вложува постојани напори да ги вметне во сите сегменти на живеењето.

 

Иницијатива за граѓански интеграции

Здружението Иницијатива за граѓански интеграции е основано во септември 2016 година од група ентузијасти од Гостивар. Работи на повеќе полиња, но најактивно е на полето на екологијата и зачувувањето на животната средина. Станува дел од Пријатели на Шара во 2019 година.